Саша Поповиќ заминува за Хрватска, неизвесно е дали ќе остане во „Гранд“

На Саша Поповиќ му истекува договорот со „Гранд продукција“, па неизвесно е дали ќе продложи во жирито. Иако сеуште нема официјална информација од продукцијата и Поповиќ, се збори дека на неговото место ќе го замени Александар Милиќ Мили.

Новата улога на Мили ќе биде да ги преземе аудициите за новата сезона на натпреварувањето, која наскоро ќе почне да се одржува во поголемите градови низ Србија и регионот.

Поповиќ потврдил дека договорот му истекува, но дека ќе остане во жирито, доколку останат сите други членови на жирито.

– Договорот ми истекува, но не реков дека сакам да го напуштам жирито. Ако сите останат во жирито, јас секако ќе останам, изјавил Саша.

Извори блиски до продукцијата велат дека доколку тој не го продолжи договорот со „Гранд“, најголемиот дел од годината ќе го помине на море во Хрватска, каде што поседува свој недвижен имот.

Саша Поповиќ на 25 ти месецов ќе полни 68 години. Тој во една прилика изјавил дека и кога ќе се пензионира ќе остане во „Гранд“, но зад камерите.

Scroll to Top