Се појавија фотографии од Северина од 1999 година, направени додека потпишувала договор со Кроација рекордс

Популарната пејачка Северина Вучковиќ во 1999 година потпиша договор со Кроација рекордс во друштво на тогашниот директор на една од најголемите дискографски куќи во поранешна Југославија, Мирослав Лилиќ.

Северина е дел од забавната сцена од почетокот на деведесеттите и денес важи за една од најголемите регионални ѕвезди.

Сега се појавија нејзините фотографии од 1999 година, кога имала дваесетина години, а се направени додека потпишувала договор со Кроација рекордс. Со неа во друштво беше и телевизискиот уредник и новинар Мирослав Лилиќ, кој во тоа време беше и претседател на дискографската куќа Кроација рекордс, а почина минатата година.

Во 1999 година, Северина го издаде седмиот албум „Ја само пјевам“, со истоимениот хит и други нумери кои станаа едни од најслушаните во тоа време, а со останатите хитови таа стекна огромна популарност на целиот Балкан.

Пејачката Северина Вуковиќ деновиве се најде во центарот на вниманието на јавноста поради приватниот живот, односно поради одлуката на Врховниот суд старателството над нејзиниот син да му го врати на поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Scroll to Top