Се распаѓа српската група Хурикејн

По пет години постоење српската група Хурикејн се распаѓа, оваа информација е потврдена со официјално соопштение од нивниот продуцентски тим. Соработката помеѓу членките на групата –  Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, завршува во септември, а оваа одлука е донесена заеднички, велат од продуцентскиот тим.

Причината за оваа одлука е тоа што плановите на групата не се вклопуваат со бизнис-плановите на продуцентите.

„Во знак на благодарност до обожавателите од сите возрасти, се организира проштална турнеја за која медиумите и јавноста навреме ќе бидат информирани и која може да се одржи до ноември. Беше исклучително голема чест да се соработува со Сања, Иван и Ксенија, кои докажаа дека се професионалци и го оправдаа статусот на ѕвезди кои во меѓувреме го стекнаа благодарение на нивниот труд, труд, посветеност и талент. Тие ја оправдаа довербата што им ја даде нашата продукција“, велат од продуцентскиот тим.

По ова членките на Хурикејн и продуцентите остануваа во пријателски однос, а нивната соработка ќе ја завршат со уште неколку нови песни. Тие до септември нема повеќе да гостуваат во медиумите, ниту да даваат интервјуа, освен за промоција на нивните нови песни.

Scroll to Top