Се разведува фолк пејачот Саша Матиќ

Фолк-пејачот Саша Матиќ ќе се разведе од неговата сопруга Анѓелија, со која е во брак веќе 18 години, пишуваат српските медиуми. Причина за разводот наводно е неговата љубовница, поранешната сопруга на геј-иконата Мирко Гавриќ, Драгана Ракчевиќ.

Драгана е позната како поранешна учесничка во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“. Како што говорат извори блиски до пејачот, Матиќ бил заљубен веќе некое време во Драгана, па се случувало понекогаш поради неа да заборави и на неговите две ќерки Тара и Александра.

„Саша е заљубен до уши во Драгана. Го користат секој момент за да бидат заедно. Таа неодамна се разведе од Мирко и сега сè поизвесно е дека двајцата наскоро ќе се венчаат“, открива изворот.

Некои од медиумите во Србија се обиделе да стапат во контакт со пејачот, но, засега тој се нема јавено со некаков коментар.

 

Scroll to Top