Се разведува глумецот Светозар Цветковиќ, со месеци не живее со сопругата Јелена

Глумецот Светозар Цветковиќ (63) се разведува од сопругата Јелена Ѓокиќ (44) по 16 години брак. Славниот пар официјално не поднел барање за развод на суд, но со месеци не живеат заедно, пишуваат српските медиуми.

„Не давам изјави за мојот приватен живот“, рекол Цветковиќ на прашањето за разводот.

Веста дека Светозар Цветковиќ и Јелена Ѓокиќ се разведуваат ја изненади јавноста. Кризата во бракот почнала за време на пандемијата, по што решиле да се разделат, но не се познати причините зошто се разведуваат. Според изворите на српски „Курир“, Светозар лани летото бил на море без сопругата, но со децата. Наводно, Јелена се отселила од нивниот стан на Врачар.

Светозар и Јелена се венчаа 2006 година, и иако одеа постојано заедно на јавни настани, не сакаа да зборуваат за својот приватен живот.

„Јелена е дваесет години помлада од Светозар, но тоа никогаш не им било пречка да уживаат во љубовта“, пишуваа медиумите во минатото.

 

Јелена е втора сопруга на Светозар, со која има син и ќерка. Од првиот брак тој има ќерка.

Scroll to Top