Глумицата Анѓелка Прпиќ се разведува од сопругот Дарио, пишува „Дневни аваз“. Извор близок на актерката ја потврдил веста за разводот и рекол дека тие веќе некое време не живеат заедно. Иако новинарите ја контактирале, таа не сакала да коментира.
Сопругот на Анѓелка е сопственик на ресторан во Белград. Тие се венчаа во 2011 година. Двојката го има синот Јаков.
Анѓелка на македонската јавност ѝ е најпозната по улогата од хумористичната асерија „Андрија и Анѓелка“, во која глуми покрај Андрија Милошевиќ.