Се разведува Гога Секулиќ, пејачката пред шест месеци го напуштила сопругот

Српската фолк-пејачка Гога Секулиќ се разведува од сопругот Урош Домановиќ по шест години брак. Веста за разводот ја изненади јавноста, бидејќи впечатокот беше дека живеат во љубов и хармонија со синот Василиј. Според српските медиуми, Гога го напуштила Урош пред шест месеци, а сега поднела и официјално барање за развод.

„Точно е дека се разведувам. Урош и јас разумно се договоривме. Не постои трета личност поради која го донесовме ова решение. Причината си е наша приватна работа. Важното е дека и на двајцата ни е најважно воспитувањето на синчето Василиј, па поради него останавме во одлична комуникација“, потврдила Гога за медиумите.

Откако се дозна дека се разведува, пејачката ги избриша сите заеднички слики со Урош од социјалните мрежи.

Scroll to Top