Се самоуби српската инфлуенсерка Кика Ѓукиќ, која пред две години беше јавно понижувана

Вчера се самоуби српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ (21), а веста за ја соопшти нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.

Кика на својот Јутјуб канал „К1КА“ во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади претплатници, кои ги забавуваше со своите видеа поврзани со гејмниг и разни влогови. Сепак, и покрај огромната популарост која ја уживаше на социјалните мрежи, повеќето ја запознаа откако Бака Прасе јавно ја понижи на социјалните мрежи. Тој пред две години објави серија од видеа на неговиот Јутјуб со навреди до инфлуенсерката. Во едно од неговите видеа тој ја навредува затоа што носела перика и според него ја лажирала својата болест.

Последното видео на инфлуенсерката е објавено на Јутјуб пред само неколку денови.

Покрај Лаура и нејзината мајка се огласи на Инстаграм.

„Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша таа.

Scroll to Top