Се скараа Северина и Игор, пејачката се вратила во Загреб

Голема семејна драма се одвивала во домот на српскиот пејач Драган Којиќ Ќеба, каде престојуваа неговиот син Игор Којиќ и хрватската пејачка Северна, пренесуваат српските медиуми. Извор близок до семејството вели дека по кавгата меѓу Северина и Игор, пејачката се вратила во Загреб.

„Северина не е при себе откако Милан Поповиќ не ѝ дозволува често да го гледа нивниот син Александар. Целото семејство Којиќ ѝ ја даде целата поддршка во овие моменти. Тие ја примија во својот дом во текот на пандемијата и дозволија да остане колку што е потребно и да се чувствува како да е во нејзината куќа. Тоа Северина буквално го сфатила“, открива изворот.

Медиумите во Србија досега многупати пишуваа дека односите меѓу Северина и Игор не се идеални, а се шпекулираше и дека ќе дојде до развод. Многу од нив пишуваа дека прекршувањето на полицискиот час од страна на Северина била потенцијалната причина за кавга меѓу брачната двојка.

Според пишувањата на „Скандал“, Северина на почетокот се скарала со пејачот Ќеба, на кого досега му беше миленичка. Според пишувањата, Ќеба повеќе не можел да ги издржи нејзините барања и жалби, па на крајот бурно реагирал.

Изворот открива дека во првите неколку дена сè било во најдобар ред, но потоа Северина почнала да прави листа на нови барања. Таа наводно барала од Игор да почне да размислува за реновирање на куќата. Потоа барала голема гарнитура за дворот, за да може да се сонча и да прави убави фотографии за „Инстаграм“.

„Северина имала замерки и на базенот на Ќеба. Таа му предложила да го реновира, да му стави нови плочки и да го наполни со морска вода. Тогаш на Ќеба се вознемирил. Игор се обидел да ѝ објасни на Северина дека сега не е време за големи трошоци за куќата поради коронавирусот и дека неговите родители имаат намалени приходи“, вели изворот.

Игор ѝ објаснил на Северина дека Ќеба нема уште долго да настапува поради епидемијата, а неговата заштеда се троши. Тие немаат други извори на приход. Тогаш почнала жестока кавга, а Северина гневна брзо излегла од куќата, и тоа во време на полициски час. Поради тоа морала да плати и казна од 50.000 динари, објаснува изворот.

„Што глумиш? Само предизвикуваш нова несреќа. Ништо не ти фали. Ќе го средиш проблемот со синот. Доста веќе. Ако некој беше со тебе, тоа сме ние, а ти постојано си незадоволна. Угледај се малку на мене. Јас во сè гледам позитивно“, ѝ кажал Ќеба на Северина, пренесува изворот.

Медиумите пренесуваат дека сопругата на Ќеба се обидела да го смири пејачот и да разговара со Северина. Но, и тоа не помогнало. По кавгата, пејачката тајно се вратила во Загреб, каде сама го прославила роденденот.

„По оваа кавга, Северина сега е во депресија. Со Игор се немаат слушнато 20 дена, а тој уште ѝ е лут поради нејзиното однесување. Досега тие многупати се карале, но никогаш работата не била толку сериозна“, открива извоорт.

Извор/miss7.24sata/Скандал

Scroll to Top