Се смирија Тања Савиќ и Славица Чуктераш

Српските медиуми пишуваат дека фолк-пејачките Тања Савиќ и Славица Чуктераш се смириле по седум години лутина. Двете пејачки биле најдобри пријателки додека Тања јавно не ја обвинила Славица дека се обидува да ѝ го преземе тогашното момче.

Од таа караница поминале неколку години, а пејачките во меѓувреме немале никаков контакт. Работите се смениле кога Славица ја поканила Тања на свадба, а потоа Тања јавно ѝ честитала на Славица кога ја родила ќерката Викторија.

Според медиумите во Србија, работите меѓу двете пријателки се толку добри што веќе работат на заедничка песна.

Scroll to Top