Се собираат пари за погреб за починатиот диџеј Игор Гарниер: тешки денови за семејството

По веста за трагичната смрт на младиот српски диџеј Игор Гарниер, кој имаше кариера во Америка, почна акција за собирање пари за пренесување на телото од САД и погребни трошоци.
„Почина неочекувано на 4 јули. Ние би ви биле благодарни доколку ни помогнете да го пренесеме неговото тело и да платиме за погребот. Овие се тешки денови за неговите најблиски и секоја помош е добредојдена, апелираат негови блиски. Целта е да се соберат 25.000 американски долари, а до полноќ биле собрани се 5.510 долари.
Игор почина на 31-годишна возраст за време на тренинг во Вашингтон, објавија медиумите.

Младиот уметник работел со едно од најголемите имиња во електронската музика – Ерика Прица. Тој беше талентиран музичар. Почна да свири пијано на шестгодишна возраст, а пред 16 години се запозна со електронската музика.

Scroll to Top