Се запали гробот на Шабан Шаулиќ

Гробот на Шабан Шаулиќ во  Алејата на заслужни граѓани во Белград се запали денес, додека траеше поменот со кој се одбележаа три години од смртта на легендарниот фолк музичар. Пламенот од свеќите кои ги палеле присутните ги зафатил венците со цвеќе, а огнот бил изгаснат за кратко време и не предизвикал значителна штета, пишуваат српските медиуми.

На поменот присуствуваа членовите на семејството и неколку колеги музичари.

Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија на 68 години, заедно со неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ. Во автомобилот со кој тргнал на аеродром тогаш удрило друго возило, кое го управувал Алсин Левент (34) кој во моментот бил пијан и немал возачка дозвола. Тој во јануари годинава беше осуден на три години и три месеци затвор поради предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици.

Шабан Шаулиќ беше дел од музичката сцена педесет години и го нарекуваа крал на фолк-музиката.

Scroll to Top