Седам на најскапиот стол во државата – Ѓорѓе Давид открива детали за новата сезона на „Гранд“

Членот на жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид ја потврдил информацијата дека наскоро ќе започе снимањето на новата сезона од шоуто.

Тој за српски Телеграф открил дека жирито веќе е подготвено да влезе во студио.

„Продолжуваме со снимање на 26 септември, секако дека го снимаме и работиме овој најгледан проект. Оваа година кандидатите се многу добри. За прв пат оваа година аудицијата беше во Хрватска, во Загреб“,рекол Ѓорѓе.

На шпекулациите дека шоуто нема да има нова сезона и членовите на жирито ќе останат без хонорар, Ѓорѓе Давид вели дека столчето на кое ќе седи е многу скапо.

„Седам на еден од најскапите столови во државата. Може да се мери со министерски столчиња. Би сакал да добијам нов договор, бидејќи од вишок, глава не боли“, изјавил тој.

Scroll to Top