Секое утро некој му фрлал ѓубре или му го гребел автомобилот на Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ последниве денови го следат низа скандалозни наслови од приватниот живот. За овој пејач зборуваше и Луна Џогани не насетувајќи што му се случува деновиве на фолкерот.

Блогерката на своите цимери им раскажа една интересна ситуација од животот на Дарко Лазиќ, која таа ја забележала во текот на раните утрински часови.

„Дарко Лазиќ живее покрај мене! Секо утре кога ќе станам, тој го има оној бел автомобил, кој е низок и долг. Јас ќе станам, ќе се симнам и ќе погледнам во неговото возило, а тој паркира покрај контејнерот. Некој ќе му фрли ѓубре и ќе му ја изгребе со клучеви бојата на возилото“, откри Луна.

Кија изјавила дека таа случајно го запознала пејачот преку Милан Динчиќ – Динче со кого наводно студирала.

 

 

Scroll to Top