Серијата „Касандра“ ја прекина војната во Југославија!

Актерот Освалдо Риос или Игнасио од легендарната серија „Касандра“, која некогаш ги проби сите рекорди на гледаност, објаснува како со таа серија некогаш ги стопирале конфликтите што се случувале во поранешна Југославија.

Освалдо Риос беше еден од главните актери во серијата „Касандра“, која беше многу популарна во деведесеттите години на просторите на Балканот.

„Слушнав дека луѓето во текот на војната ја гледале серијата. Поради тоа, ТВ-остварувањето имаше хуман карактер и влијаеше војната барем на кратко да се заборави“, вели Риос. „Многу сум среќен што сум еден од најпознатите латиноактери на овие простори. Амбиентот во кој снимавме беше прекрасен. Покрај тоа, актерите беа одлични. Сето тоа заедно влијаеше нашата серија да биде една од најпопуларните. Преведена е на 32 јазика и прикажувана во дури 182 земји.

Актерот вели дека никогаш не бил во Србија, но дека има желба да дојде.

„Сакам да дојдам, знам дека моите обожаватели ќе бидат среќни поради тоа, а сакам да разменам и мислења со српскиот народ. Не знам многу за Србија и не сум гледал досега некој ваш филм, но планирам. Кај нас во кината нема многу странски филмови, па ќе се потрудам да пронајдам некое српско остварување затоа што сакам да запознаам други култури“, изјавил Риос за „Информер“.

 

Scroll to Top