Сестрите Беквалац ќе снимаат реално шоу

Наташа Беквалац и нејзините сестри Кристина и Драгана ќе снимаат реално шоу по примерот на сестрите Кардашијан, пишува српски „Информер“. Поп-пејачката пред да прифати, од продуцентите побарала да не ги снимаат нејзините ќерки Хана и Катја. Беквалац и нејзинте сестри, сепак, нема да имаат никаква заработка од шоуто, стои во текстот.

„Наташа неодамна имаше состанок со продуцентите и за почеток договорија да снимат 12 епизоди со тема „Во чекор со сестрите Бекваац“. Тоа ќе биде српска верзија на светското шоу „Во чекор со Кардашијанови“ со кое се прославија Ким, Клои, Кортни, Кајли и Кендал. Шоуто нема да се емитува на телевизија туку само на Јутуб,“ рекол изворот на „Информер“.

Според порталот, Беквалац на почетокот одбивала да го снима шоуто оти не сакала етикета на учесничка во реално шоу, но наводно попуштила заради нејзината внука Зои на која ѝ треба медиумско внимание бидејќи е на почетокот на кариерата. Со идејата за реално шоу веднаш се сложила Кристина, која има искуство со реални шоуа. Најстарата Драгана иако не сака јавно да се експонира, поради семејство одлучила да прифати.

Снимањето на шоуто треба да почне кон крајот на август. Секоја епизода ќе следи еден ден од семејството Беквалац, а во центарот на вниманието најмногу ќе биде Наташа. Ако има огромна гледаност, ќе се снимат и повеќе од 12 епизоди. Иако сестрите Беквалац нема да добијат хонорар за шоуто, тие се надеваат на заработка од Јутуб. Ако имаат многу прегледи на видеата, може да заработат и до 20 000 евра.

Scroll to Top