Северина и Аница Ковач не стареат

Северина Којиќ и нејзината добра пријателка, поранешниот хрватски модел Аница Ковач, пленат со својата убавина каде и да се појават. Нивната заедничка фотографија, која ја објавија на социјалните мрежи, привлече голем број комплименти за нивниот изглед и убавина.

Многумина модни критичари велат дека хрватската пејачка и нејзината пријателка се едни од најубавите жени во светот, а нивната убавина е препознатлива и надвор од границите на Хрватска.

Двете се познаваат од далечната 1995 година, кога Аница победи на изборот за мис на Хрватска. Северина пееше на овој настан.

Аница одлично мина и на изборот за мис на светот, каде што беше прогласена за прва придружничка. Таа на овој настан носеше фустан од дизајнерката Бранка Донаси, која тогаш беше прогласена за најубава во светот.

Овој успех ниту една Хрватска не успеа да го повтори или надмине.

 

Scroll to Top