Северина дознала кој ја украл нејзината порноснимка

Хрватската пејачка Северина Којиќ во последното интервју за „Новости рс“ изјавила дека минатата година го дознала името на човекот кој го украл порновидеото од неа и бизнисменот Милан Лучиќ кое го снимиле во 2000 година.

Човекот кој го украл видеото му го предал на уредникот на порталот „Индекс.хр“, Матија Бабиќ, кој веднаш го објавил на неговиот портал. Подоцна Бабиќ морал да ѝ исплати на Северина околу 30.000 евра, плус судски трошоци и извинување во пет дневни весници.

Пејачката не го откри името на лицето кое ја украло снимката, но само кажа дека станува збор за злобен и љубоморен човек со кого не сака да има ништо во животот. Северина вели дека тоа еден од лошите моменти во нејзиниот живот кој сака да го заборави.

„Успеав да се издигнам над сето тоа што ми се случи. Животот генерално нè казнува сите нас. Некои праведно, некои не. Но, од временска дистанца, успеав да се издигнам над сето тоа што ми се случи. Знам кој го објави видеото. Дознав минатата година“, изјавила Северина за „Новости рс“.

Северина објасни дека во тој период добила голема поддршка од големиот музички великан и нејзин пријател Арсен Дедиќ.

„Кога ќе поминете низ едно такво јавно посрамотување, тогаш, сакале или не, ќе морате да се научите да се изборите со тоа. Во еден момент мене ми се јави Арсен, со кого бев многу блиска. Ми кажа дека за мене излегол некој филм, но дека нема музика, па тој на шега се препорача да биде филмски композитор“, вели Северина.

Објавеното видео од Северина и Лучиќ за кратко време беше едно од најгледаните на Балканот. За само три дена од објавата, снимката на интернет ја имаа погледнато преку милион луѓе.

 

 

 

 

 

Scroll to Top