Хрватската пејачка Северина Којиќ на својот Инстаграм профил напишала дека зад сите работи кои се шират за неа во јавноста, стои нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
„Зад сето тоа стои татко кој безгранично и безрезервно наводно ги штити најдобрите интереси на детето, сервирајќи редовно и постојано на јавноста разни информации за мене, за порно афери, фотографии, со разни лица, за мојот наводен развод, за пропаѓањето на кариерата, информации дали можам да имам дете или не можам. Јас се занимавам со пеење и немам сознанија кој е уапсен и кога и каде сега се наоѓа“, напишала Северина.
Пејачката додала дека единствено што сака да знае е кој стои зад хакирањето на нејзиниот телефон и кој е главниот нарачател и финансиер на целата таа приказна.
„Поради фактот дека имам исполнет живот и приватно и професионално, нема да се занимавам со поднесување на тужба против оние кои не заслужуваат такво внимание, ниту интерес. Во слободното време јас сум обична жена и мајка. Како што вели една песна: „Не сум јас лоша, ти си лош“, заклучува Северина.
Пеајачката синоќа своите ставови ги потврдила и на интервју на словенска телевизија кај водителката Весна Милек. Таа открила и дека нејзиниот најголем страв во животот е да биде оставена.
„Судски покани стигнуваат секој ден. Пријателите ме бараат рано наутро поради секакви новинарски текстови, со нови наводно проверени информации за мене. Утрото сум со луѓе со кои се борам на суд за рамноправно родителство. За жал не само на суд, туку и надвор од него, со дозволени и недозволени средства“, вели Северина.
Ваквите пораки пристигнаа од Северина откако на крајот на мај нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, пријавил во полиција дека нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ, му поставил направа пред неговата куќа.
„Предметот кој беше оставен пред мојот дом наликуваше на свеќа и сигурен сум дека на истиот е работено подолг период. Внатрешноста беше наполнета со катран. Бил изработен на таков начин, што катранот истекуваше од него. Беше направен со некаква цел. Дали да ме заплаши да си заминам од Хрватска, или сака да ме уништи материјално, не знам“, изјавил претходно за медиумите поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.
Игор Којиќ оставил запалив предмет пред станот на поранешниот менаџер на Северина