Северина го раскина договорот со менаџерот Томислав Петровиќ

Хрватската пејачка Северина Којиќ го раскинала договорот со менаџерот Томислав Петровиќ, пишува glossy.espreso повикувајќи се на хрватски извори. Пејачката соработува со Петровиќ 17 години, а како што пишуваат медиумите таа сега решила да ја прекине соработката по една расправија.

Засега не е познато кој прв од нив двајца решил да стави крај на нивната долгогодиша соработка. Според некои извори, Петровиќ е тој кој сакал да го раскине договорот, додека други пишуваат дека пејачката е таа која што му соопштила дека не сака повеќе да работат заедно.

Медиумите пишуваат дека одлуката Северина им ја соопштила на нејзините блиски пријатели уште на 3 март. Томислав Петровиќ од 2002 година е близок соработник на Северина, а таа за него на социјалните мрежи постојано имала пофални коментари.

„Кога ќе изгубите човек кој не е вреден за ништо, па дури ни за разочарување, не ви е толку тешко. Кога ќе изгубите човек кој ве сакал, а вие сте одговорни за разделбата, тогаш е најлошо. На пример, кога мојот Томислав, кој е прекрасен човек, би ми кажал збогум, тогаш би била очајна“, напиша Северина на социјалните мрежи за нејзиниот менаџер пред неколку години.

Медиумите пишуваат дека новата улога на менаџер сега би можел да ја преземе нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

 

 

Scroll to Top