Северина и Игор обожаваат да плетат

Хрватската пејачка Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ открија што е тоа што ги прави среќни во бракот и покрај големата разлика во годините и скандали што ја одбележаа минатата година.

Пејачката вели дека плетењето е нешто што и двајцата ги прави смирени и дека секој слободен момент го користат да шијат.

„Плетеме. Затоа што тоа нè смирува. А ние сакаме да сме мирни, мирни и само мирни“, изјавила Северина.

Севе вели дека поради разликата во години, многумина нивни соперници и непријатели не им предвидувале светла иднина, но пејачката вели дека ги демантирала сите со нивниот среќен брак кој трае веќе цели три години.

„Баш ми е убаво и среќна сум што го пронајдов човекот кој е мој. Се почитуваме, се сакаме, но најважно од сè е тоа што се гледаме и како пријатели. Имаме среќа и што неговите родители се со нас, и тие се оние кои ја пополнуваат целата слика за едно среќно семејство“, изјавила Северина.

 

Scroll to Top