„Северина лаже“, се огласи Милан Поповиќ по обвинувањата за злоупотребата на нивниот син

Откако вчера Северина го обвини поранешниот партнер Милан Поповиќ дека заради него учителките го малтретирале и злоупотребиле нивниот син Александар на училиште, српскиот бизнисмен ги отфрли обвинувањата. Тој рекол и дека Северина го измислила инцидентот за да привлече внимание и побрзо да ги продаде билетите за турнејата The Magic tour што ќе почне наскоро.

„Инцидетот што го наведува мајката, не е таков каков што таа го претстави во јавноста. Целиот инцидент е испровоциран од страна на Игор Којиќ, а од училиштето морале да повикаат полиција поради неговото непристојно однесување“, рекол Поповиќ за српските медиуми. Тој додал дека иако не бил таму, според неговите сознанија немало психичко или физичко малтретирање на детето.

„Северина лаже, таа сè прави плански за да привлече внимание и да направи сензација за нејзината турнеја. Да имаше било какво злоуотребување или малтретирање, ќе застанев на страната од мајката и ќе ѝ помогнев да го заштитиме нашето дете. Сите останати изјави со кои ги обвинува институциите се нешто што и порано го видовме од неа“, рекол Поповиќ.

Учителките го заклучиле, па физички го злоставувале синот на Северина

Scroll to Top