Северина: Милан ми се закануваше со ново порновидео, од стрес ослабев на 48 килограми

Сега кога хрватската пејачка Северина си го врати старателството над синот Александар, во интервју за „Х-алтер“ раскажа за проблемите што ги имала со поранешниот партнер Милан Поповиќ по разделбата. Таа вели дека Милан ѝ се заканувал оти ќе објави нејзино ново порновидео поради што од стрес ослабела на 48 килограми. Таа во интервјуто зборува и за порновидеото од 2004 година, но и за тоа дека сака сама да му каже на својот син за грешките од минатото.

„Непосредно пред почетокот на учебната година, во летото 2019 година, медиумите беа преплавени со мои приватни фотографии, кои што му ги испраќав на мојот сопруг од турнејата. Сфатив дека мојот мобилен е хакиран и открив дека тоа го сторил ситен криминалец, кој со тоа му наштети на моето семејство. Против него сега се води кривична постапка. Како што излегоа фотографиите, Милан ми праќа порака и вели дека кај и да е ќе излезе и ново порновидео во јавноста и праша зошто му го правам тоа на детето. А знам дека сето ова потекнува од него, таткото на тоа дете за кое толку многу се грижи. Од стрес ослабев на 48 килограми, ги прекинав сите работни обврски и тоа ме дотепа“, вели Северина.

Хрватската пејачка во интервјуто проговори и за порновидеото од 2004 година. Таа вели дека на почетокот на врската со Милан тој ја прашал за секс-снимката со бизнисменот Милан Лучиќ, но не како поддршка, туку навредливо. По ова, вели Северина, знаела дека врската со Поповиќ не е вистинската, но сепак останала со него.

„На почетокот на нашата врска една работа ми даде знак дека Милан не се грижи за мене. Тој ме праша колку ја наплатив секс-снимката. Срамота! Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со ова и сакам да им се извинам на децата и на сопругата на партнерот од тоа видео. Ова се единствените луѓе на кои треба да им се извинам. Интересно е што никој од 2004 година до денес не се загрижи за страдањата на овие деца, а одеднаш се многу заинтересирани за тоа како мојот син ќе реагира на снимката. Свесна сум дека тој ќе дознае за ова некогаш во животот и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакал да го чуе тоа од мене. Јас и денес мислам дека социјалните служби, судовите, психолозите и психијатрите вклучени во мојот случај ги зедоа предвид тоа видео и интересите на Милан, а не благосостојбата на детето“, рекла Северина.

За потсетување, Северина по речиси две години, си го врати старателството над синот Александар, па сега таа и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ заедно ќе се грижат за детето.

 

Scroll to Top