Откако Северина вчера го изгуби старателството над синот, таа вечерта го одведе Александар (7) кај неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ. Со Северина бил нејзиниот сопруг, Игор Којиќ, пишуваат хрватските медиуми. Според нив, Северина се задржала во домот на Милан во Загреб околу 20 минути и си заминала расплакана.
Милан не го прифатил предлогот на Северина да почека детето да се прилагоди на идејата дека отсега ќе мора да живее со својот татко. Тој инсистирал Александар да му биде предаден веднаш. Според медиумите, Александар многу тешко ја примил судската одлука да живее со неговиот татко и да ја гледа мајка си само двапати неделно. Српскиот бизнисмен засега ќе живее во Загреб, за детето да продолжи да оди во истото училиште.
За потсетување, судот во Загреб вчера му го додели старателството над Александар на поранешниот партнер на Северина, а пејачката има право да го гледа детето секој вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд. Таа ќе може да го земе во сабота во 10 часот и мора да го врати кај Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано и кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, но и за празници.