Пејачката Северина Којиќ, која со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ го има синот Александар, не сака да го прифати Милан како заеднички старател. Пејачката му упатила и заканувачка порака на Милан велејќи му дека таквите како него обично завршуваат тепани и силувани во затвор.
„Поповиќ ѝ се обрати на Северина преку е-пошта за да соработува со неа во интерес на детето, кое има здравствени проблеми. Таа не неговиот обид за комуникација му одговори со навредувачка содржина нарекувајќи го психопат кој од Александар ќе направи болник“, вели близок поранешен пријател на Милан и Северина.
„Ти не си здрав, мораш да се лечиш, не ти е добро, создаваш психоза кај Александар. Од мојот син сакаш да направиш болник. Милан, ти си луд човек и не знаеш да бидеш родител. Имаш перфиден и злосторнички ум, а на крајот испаѓаш глупав. Опседнат си со мене, сакаш да ме видиш по секоја цена, па макар и на суд. Ти си манијак и психопат затоа што не си здрав. Едноставно ти си мал бедник, нула од човек. Бедниците кои ова им го прават на своите сопруги и деца ги силуваат во затвор. Ти си човек кој го загадува овој свет. Ти си суштество кое не се развило во човек. Ми се повраќа кога ќе те видам, но тоа е мојот грев. Си мислам во себе, подобро Милан отколку рак“, вели изворот, кој дополни дека по оваа порака Поповиќ се повлекол затоа што не можел да верува дека Северина е подготвена да го понижува до тој степен.
Северина и Милан со години водат битка околу старателството над шестгодишниот син Александар, а судот пред четири години донесе одлука дека и двајцата треба да имаат заедничко старателство над синот. Северина повеќепати правела проблеми во комуникацијата, а тоа оваа година го потврди и судот со мислење дека однесувањето на Северина ќе му штети на Александар. Покрај тоа, во јавноста испливаа и фотографиите од разголената пејачката, што направи доплнителен проблем за Александар, велат од судот, кој веќе е во школска возраст и, според нив, сега лесно може да стане цел на омаловажувања од страна на врсниците