Северина не му го дава синот на Милан, не одговара на пораките, ниту на телефон: нова борба за старателството

Хрватската пејачка Северина Коиќ не сака да му го даде синот на поранешниот партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Според пишувањето на српските медиуми, Северина не сакала да му одговори на пораките, ниту да се јави на телефон и да се чуе со него.

Милан е загрижен за синот и вели дека Северина го надминала времето што може да го помине со него. Пејачката наводно веќе цели девет дена е со Александар и не сака да му го да даде на Милан, кој има целосно старателство над момчето.

Според одлуката на судот, Северина има право да се гледа со Александар само двапати неделно и тоа секој втор викенд, од сабота наутро до недела навечер. Таа исто така има право над Александар две недели и за време на распустот. Сепак, сега Северина ја прекршила ваквата одлука. Александар веќе минал 14 дена со мајка си, која одбива да го врати кај татко му.

Српски „Информер“ пренесува дека Милан размислува да поведе судски случај против неа. Претходно, тој се консултирал со адвокатите, кои го советувале дека има право да ја тужи Северина.

 

Scroll to Top