Северина новата песна му ја посвети на синот

Хрватската пејачка Северина сними нова песна „Роѓено мое“ која му ја посвети на синот Александар. Новата песна ќе ја објави следната недела, а нејзините соработници и пријатели велат дека станува збор за најемотивната и најубава балада која Северина некогаш ја испеала во кариерата.

Композитор е Милош Рогановиќ, нејзин долгогодишен соработник. Милош работел и на некои претходни песни на Северина, како што се „Алкатраз“, „Град без луѓе“, „Добредојде во клубот“ и други.

„Северина летово ме повика и ме праша дали може да напишам емотивна песна за неа. По неколкуте песни кои ги направив, размислував како сега да направам нешто ново. Сакав тоа да биде нешто посебно за Северина. Неа ја гледам како мајка која се бори за своето дете. И самиот сум родител и ги знам емоциите кои таа ги чувствува. Отсекогаш сум сакал да ги преточам во песна“, вели Милош Рогановиќ.

Песната е снимена во Загреб и Љубљана. Режисер е Нејц Левстик.

Северина наскоро се очекува да започне со турнејата. The Magic Tour ќе почне на 16 ноември во Сплит, ќе продолжи на 23 ноември во Белград, 7 декември во Загреб, а ќе заврши на 21 декември во Љубљана.

 

 

 

Scroll to Top