Хрватската пејачка за прв пат во јавноста се огласи по повод голите фотографии кои на социјалните мрежи се појавија на крајот на август.
Пејачката во интервју за магазинот Appeal вели дека ваквиот скандал не ја погодил премногу, а како што вели дури изразила и желба, фотографиите да ги има на нејзиното ново ЦД, со цел да се крене продажбата.
Иако е на прагот на 50.та година, пејачката не се срами да го пофали својот изглед, кој како што вели го негува со редовни вежби.
„Кога излегоа овие слики од мене како од мајка родена, веднаш му се јавив на мојот менаџер Томислав Петровиќ и му кажав фотографиите да бидат ставени на моето ЦД, затоа што на тој начин подобро ќе се продаваат, за разлика од досегашните, каде сум облечена. Облечена или гола баш сум добра женска“, вели Севе за магазинот Appeal.
Одговорноста за објавените голи фотографии Северина ја посочи кон нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Вели дека тој претходно ѝ се заканувал со голите фотографии, кои потоа ги објавил.
„Останав кул, затоа што не може два пати да те погоди истата работа. Но, во секој случај Милан не е добар човек“, рекла Северина за Appeal .