Северина призна дека е слаба на добри песни

Хрватската поп пејачка Северина Којиќ откри зошто доцни со промовирањето на новиот албум и најновата песна „Имаш право“, која требаше да излезе уште во јуни. Таа вели дека во меѓувреме нејзините соработници и пратиле уште две песни па не можела да ги одбие, затоа што е слаба на добри песни.

„Драги мои, сега ќе морам да ви ја откријам вистинската причина зошто доцнам со оваа плоча. Ете, затоа што сум слаба на песните. Се беше однапред готово. Требаше да излезе уште во јуни, но потоа Тончи Хулјиќ и Јала Брат ми испратија уште две песни. Како да одолеам на добри песни? Никако и затоа албумот „Хало“ ќе излезе на 1 февруари 2019 година. Па нека ни е со среќа“, напишала Северина на „Инстаграм“.

Најновата песна на хрватската пејачка Северина Којиќ „Имаш право“, ќе биде промовирана на 17 декември на нејзиниот „Јутјуб“ канал кој брои повеќе од половина милион обожаватели.

Scroll to Top