Северина раскажа за порноснимката: За некои, тоа беше добра забава

Хрватската пејачка Северина се најде среде медиумско внимание во 2004 година кога се појави нејзиното порновидео. И денес се зборува за снимакта иако помина години. Денес, кога ќе ја прашаат како се чувстувала тогаш, кога сите зборуваа за неа, таа вели:

„Никогаш не барав да се појави мојата интима. Тоа беше голем шок. Потоа дадов две интервјуа за тоа, и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Но, тоа беше добра забава, за некои, дури и денес е. Значи, кога немаат што да ми кажат, тогаш го споменуваат тоа несреќно видео од бродот“, вели Северина за  „Неделник“ и раскажа како минувала во тоа време.

„Јас тогаш шест месеци не излегов од дома. Првин тагување, а потоа осуда дека тоа сама сум го дала порното заради популарност“, рекла Северина.

Пејачката раскажала дека нејзините пријатели и мајка ѝ цело време ѝ давале поддршка:

Но, тогаш ми се јави мојата драга Смоја и ми рече: „Бебе, кои се тие ‘пуњетари’ (сплитски поим за малолетни млади мажи)? И кога онаа работа имала врска со моралот? Кој го измислил тоа?“. Потоа, Пеки ме повика да ме насмее и ми рече: „Па не можеш да снимаш сè во еден кадар. Требаше да го исечкаш“. Мајка ми беше најпрецизна, рече: „Ајде ќерко, ќе се смееме на тоа еден ден“. И се смееме денес. Арсен Дедиќ, пак, ми рече: „Мала, слушам некаков филм се врти за тебе, да не ти треба и музика?“

Scroll to Top