Северина со ин витро сака да стане мајка

By

Северина и Игор Којиќ наскоро ќе заминат во Прага, каде пејачката ќе се обиде преку на процес вештачко оплодување да добие бебе пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Желбата по втор пат да стане мајка кај Северина е премногу силна, а во тоа нема да ја спречат ниту претходните безуспешни обиди, ниту пак скандалите со објавените во јавност голи фотографии, вели извор близок до двојката.

Северина сето тоа го има оставено на страна и се сконцентрирала на ин винтрото, кое е достапно во Чешка и уште неколку европски земји.

Како што пренесуваат српските медиуми, Северина добила препорака од блиски пријатели, да контактира со клиника во Прага. Северина се надева дека со помош на тамошните методи, кои се применуваат во чешката клиника, ќе може повторно да стане родител, со оглед на тоа дека процентот на успешност изнесува дури 80%.

„Во прашање е болница специјализирана за вештачко оплодување, а многу двојки од овие простори на ова место успеале да станат родители, уште во првиот обид. Северина е охрабрена од ваквото сознание, особено кога дознала дека нејзина пријателка станала бремена и покрај тоа што лекарите и рекле дека никогаш нема да стане мајка. Таа и Игор веќе се во контакт со докторот кој работи во таа клиника, а кој е со потекло од Србија. Договорено е на почетокот на ноември да замине таму и да почне со терапија. Тоа подразбира примање на инекции и таблети, нешто што Северина ќе може да го направи во Загреб. Потоа се следи нејзината состојба. Кога ќе биде подготвена, Северина и Игор повторно ќе заминат за Прага, каде ќе го направат таканаречениот трансфер. Резулатите ќе бидат познати по неколку дена, кога ќе направи контролен преглед кај својот гинеколог“, вели извор близок до хрватската ѕвезда.

Повеќе од кога било претходно Северина е убедена дека ќе успее повторно да стане мајка, а разговорот со чешкиот специјалист и влеал многу надеж.

„Само за тоа зборува. Северина е многу среќна. Имам впечаток дека многу им верува на лекарите од Чешка и дека тие и рекле дека во својата пракса имаат и случаи со жени кои станале мајки и по 50 годишна возраст. И покрај тоа што многу лекари им рекле дека тоа е невозможно, сепак на крајот успеале. Северина има 46 години, а како што е познато, таа веќе го има синот Александар со кој Игор е во одлични односи. И двајцата имаат неопишлива желба да добијат заедничко дете. Затоа северина не се откажува од вештачкото оплодување иако веќе имала два неуспешни обиди“, изјавил неименуваниот извор за српските медиуми.

Нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ засега нема излезено со коментар во јавноста.

 

 

Ќе ви се допадне