Северина за Шербеџија: Раде е како мој вујко што успеал надвор, сакаше дури и да сними филм за татко ми бидејќи многу си личат

„Тој е како наш вујко, кој успеа надвор“, изјавила Северина за Рада Шербеџија во емисијата „Далибор Петко шоу“, каде му се појави како гостинка при гостувањето на популарниот актер.

Пејачката откри дека двајцата се запознале во Австралија на нејзиниот 26. роденден кога правела забава во ресторан во Сиднеј.

– Раде влезе како Гари Купер во филмот „Точно у подне“. Влезе, седна на својата маса, беше сам. По некое време, сопственикот на ресторанот му кажал дека славам роденден. Тој дојде до мене, ми даде постер од филмот Mission: Impossible 2, кој го сними со Том Круз, ја зеде гитарата и ја отсвире „Не дај се Инес“. Бев пресреќна бидејќи ми изгледаше како филмски момент – се присетила пејачката.

Северина откри и дека со Раде разговарала за нејзиниот татко, кој, како што вели, многу личел на Раде.

– Дури имаше идеја да сними филм за татко ми наречен „Север“. Тој рече дека тоа би било одлична идеја“, раскажа Северина.

Шербеџија откри дека двајцата за малку ќе снимиле дует, но тоа никогаш не се случило.

– Можеби еден ден ќе го направиме тоа малечка – рече Раде.

Scroll to Top