„Каква Цуца и девојки! Имам жена, деца, внуци, никогаш не сум изгледал подобро. Шпекулациите дека нешто имам со неа се будалаштина, тоа заврши одамна. Немам повеќе никаква врска со неа. Супер ми е со Гоца“, вели Шабан.
На прашањето дали во последните неколку месеци имал проблеми во бракот, тој вели:
„Не правам глупости, годините не ми го дозволуваат тоа. Им бев интересен на новинарите кои мислеа дека сум љубовник во овие години, но тоа е будалаштина. Јас сум нормален човек и секогаш се однесувам убаво. Каков љубовник можам да бидам на 66 години? Ниту како млад не бев донжуан, а сега повеќе и не можам. Ме стигнаа годините, морам чесно да кажам, но ми одговара кога луѓето ме сметаат донжуан, ми се допаѓа таа титула“, вели Шабан.
Кога станува збор за кризите во бракот со Гордана Шаулиќ, Шабан открива на кој начин ги решава:
„Со оглед на тоа дека мојата жена сака да патува, некогаш ја носам во Германија и Франција. Знам што сакаат жените, да одат во шопинг, а јас ѝ го овозможувам тоа. Тоа е еден од начините да надоместам. Таа е незадоволна што често патувам на Дунав и што не сум дома, но кога сум дома, сите проблеми ги решавам на најдобар можен начин. Секогаш постојат расправии, нема идеален брак. Не се согласуваме за многу работи, а јас треба многу да работам во овие години. Таа сака да не претерувам со патувањата, а што се однесува до пеењето, пеам подобро од кога било“, објасни Шаулиќ.