Шехерезад лежерна и без шминка

Турската актерка Берѓузар Корел, најпозната по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, ги изненади обожавателите со изборот на облека. На интернет се појави фотографија на која Корел носи шарени хеланки, спортска јакна и патики, како да тргнала на вежбање. Но, бидејќи глумицата е сликана во трговски центар, а не во сала за вежбање, многумина искоментираа дека згрешила во изборот на облека.

Корел е позната по елегантниот стил на облекување, секогаш нашминкана и совршено дотерана. Новиот, лежерен стил не им е по ќеф на фановите.

 

Scroll to Top