Поранешната мис на Југославија Јелена бин Драи, која се омажи за шеикот Саид и ја прими неговата муслиманска вера, исто како и тој нејзината христијанска, сега вели дека сака нејзините три деца да имаат интернационални сфаќања.
Заедно со нејзините деца, Асија, Хилал и Хамдан, овој Божиќ тие го минаа славејќи според српската традиција.
„Ние сите празници ги прославуваме во духот на традицијата чиј празник се слави. Католички Божиќ го славиме затоа што мајката на Саид е Англичанка, а потоа ги славиме православните и сите други празници. Сакам нашите деца да бидат со интернационални сфаќања и да бидат жители на овој свет, а не само да се фокусираат на одредени работи. Саид ја прими нашата традиција, па сега и тој се радува на нашите слави и празници. На нашите веселби е многу радосен“, истакнува Јелена, која ја посети Србија поради семејна слава, а потоа се врати во Дубаи да ја дочека Новата година со семејството и пријателите.