Шерифовиќ го исфрли Адам Лабунски од „Гранд“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на социјалните мрежи ја сподели веста за дисквалификацијата на македонскиот претставник во „Гранд“ Адам Лабунски. Пејачката која беше негова менторка напиша дека Адам е исфрлен од музичкото шоу поради непримерно однесување и дека на негово место ќе биде вратен друг кандидат.

(Видео) Марија Шерифовиќ го откачи Адам Лабунски, па татко му го навреди жирито во „Гранд“

Засега не е позната причината за ваквата дисквалификација, иако и претходно Адам се најде во непријатна ситуација, кога неговиот татко влезе во расправија со жирито.

 

Почина матурант на чија матура требало да пее Адам Лабунски, пејачот не го враќа капарот

 Ова е прв пат еден кандидат да биде дисквалификуван од „Ѕвездите на Гранд“.
Scroll to Top