Следната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ најверојатно нема да биде во ист состав. Пејачката Марија Шерифовиќ открила дека е многу уморна од целото шоу и сака да си оди.
„Јас толку многу стрес доживеав и најискрено размислувам ова да биде моја последна година бидејќи сè ми стана напорно и тешко. Оваа година заедно со натпреварувачите почнавме сè да доживуваме емотивно. Се караме едни со други повеќе од што е потребно. Сепак тие се мои колеги и сакам одвреме-навреме да може да се сретнам со нив и да испијам едно кафе“, рекла Шерифовиќ. „Седнав со Саша и му ја соопштив мојата одлука, секако не беше среќен поради ова, па ќе видиме што ќе биде. Се изморив од тоа да изгледам како непристојна будала во шоуто“, рекла Марија.