Што има тој ми влегува во моја песна: Се скараа Тифа и Ален среде настап на „Пиво фест“ во Белград

Синоќа на „Пиво фест“ во Белград се случила вистинска драма за време на настапот на познатата југословенска рок-група „Бјело дугме“, откако Младен Војичиќ,  Тифа, ја напуштил сцената поради Ален Исламовиќ, со кого сè уште не е во добри односи, пренесуваат српските медиуми.

Тифа бил бесен, наводно го фрлил микрофонот за матрица за време на изведбата на песната „Ружица си била“ и избегал од сцената. Менаџерот го бркал и го убедувал да се врати на сцената, но тој цело време одбивал да го стори тоа, иако имало десетици илјади луѓе во публика. Се заклучил во просторија којашто била резервирана само за него и цело време повторувал: „Што има тој да влегува во мојата песна!“. Концертот продолжил без него, сè додека Горан Бреговиќ не реагирал на она што се случуило на сцената. 

На крајот Тифа одлучил да се врати по настојување на менаџерот и кратко го испеал својот блок, по што се поклонил пред публиката.

Тифа и Ален пак  тврдат дека помеѓу нив немало никакви проблеми.

„Ја навистина немам никакви проблеми, уживам со публиката на концертот и се чуствувам феноменално“, вели Исламовиќ.

Со сличен став излезе и Тифа.

„Нема никави проблеми, ужував на концертот и фала на Белград, докажа колку го сака Бело Дугме“, вели тој.

Scroll to Top