Синан ќе биде погребан како што налагаат обичаите на исламот

По големата борба со болеста, Синан Сакиќ почина на 1 јуни во семејниот дом во Белград. Телото е префрлено во неговиот роден крај Лозница, каде што ќе биде погребан в понеделник во 14 часот на муслиманските гробишта.

Пред погребот вратата од куќата ќе биде отворена за сите пријатели и семејството, кои ќе сакаат да изразат сочувство и тага за починатиот пејач. Телото последната ноќ пред погребот ќе биде во семејниот дом во Лозница, а половина час пред погребот ќе биде однесено на вечното почивалиште.

„Последниот поздрав со легендарниот музичар ќе биде отворен за сите пријатели и почитувачи, без оглед на полот и вероисповедта, а исламските обичаи исто така ќе бидат почитувани“, се наведува во соопштението до јавноста.

Scroll to Top