Синиша Михајловиќ има вонбрачен син, го запознал кога имал 11 години

Откако пред една недела српскиот фудбалер Синиша Михајловиќ откри дека има леукемија и дека мора веднаш да почне со агресивна терапија, тој е во центарот на вниманието на европските медиуми. Освен за болеста, се пишува и за неговиот приватен живот, па и за тоа дека фудбалерот има вонбрачен син, Марко, кого го запознал кога тој имал 11 години. Марко е роден од кратката врска на Михајловиќ со Италијанка, а со која се гледал пред да ја запознае сопруга Аријана.

„Знаев дека имам син, се зборуваше за тоа, го признав и ги преземав обврските околу неговото издржување. Меѓутоа, досега таа интима ја чував само за себе. Секако, сакав да го видам, срцето ми се кинеше кога ќе помислев на тоа. Сепак, решив да почекам да порасне и да стане полнолетен“, рекол во едно интервју Михајловиќ.

Првата средба, сепак се случила неколку години порано, а на иницијатива на неговата сопруга. Таа инсистирала Синиша да го запознае Марко, а потоа да го запознае и со нивните деца. Михајловиќ со Аријана има пет деца, ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Мирослав, Николас и Душан. Аријана ја договорила првата средба меѓу нив – таа го зела Марко, го одвела во Мекдоналдс, а потоа на натпревар на „Интер“, зашто во тоа време Михајловиќ играл за клубот од Милано. На натпреварот, Синиша дал гол и му го посветил на вонбрачниот син.

Според медиумите, Марко е во одлични односи со татко си, но и со своите полубраќа и полусестри.

Scroll to Top