Синот на Лепа Брена за роденденот потрошил 70.000 евра

На прославата биле повикани стотина гости, а славјето траело до утринските часови. Мајката одлучила синот да го изненади со прилично луксузен подарок, автомобил Ауди RS3 Sprotback вреден 60.000 евра.

Брена се погрижила за својот син да му направи прослава за паметење, па пејачката организирала гламурозна прослава во вилата на Бежаниска коса.

Пејачката за 20 роденден на својот син Виктор издвоила вртоглави 70.000 евра, пишуваат медиумите.

„Брена синовите Стефан и Виктор ги одгледала да не бидат размазени и секогаш да го почитуваат тоа што го имаат. Тие секогаш имале добар џепарац, но никогаш не им било дозволено да се расфрлаат со пари. Често сметале дека нивната мајка претерува и дека би можела да им дозволи малку да се опуштат, но таа во некои ситуации била непопустлива и тоа и се исплатило. И Стефан и Виктор се поштени и вредни, Стефан дипломирал и градел пејачка кариера, а Виктор студира и е на патот да се вклучи во семејната работа, така што Брена заклучила дека може понекогаш да го награди со луксуз, а Боба се согласува со неа“, изјавил пријател на семејството Живојиновиќ.

На прославата се повикани над стотина гости, а славјето траело до утринските часови.

Иако  пејачката не била присутна на прославата, затоа што во моментов се наоѓа на турнеја во Америка, таа им наредила на славениците дека не смее да остави никаков неред.

Madre ❤️

A post shared by Viktor Ernest Zivojinovic (@viktorzivojinovic) on

Брена во моментов со Стефан е на турнеја во Америка, така што и двајцата не можеле да присуствуваат на прославата, но затоа се потрудиле се да биде на ниво. За роденденот издвоиле дури 75.000 евра, а речиси сите пари завршиле за храна и пијалоци. Живојиновиќ сака кога нивните гости имаат комплетен настан, така што се потрудиле гозбата да биде богата, а јадењето било по налог на Боба, додека изборот за пијалоци бил како во најдобрите ресторани“, додал извор близок до пејачката.

 

Scroll to Top