Синот на Оливер Мандиќ во притвор: Ја претепал својата мајка

Синот на Оливер Мандиќ , Даријан заврши во притвор, затоа што ја претепал својата мајка Мирјана. Даријан бил задржан во полициската станица 48 часа.

Тој бил уапсен во стан во белградската населба Вожовац. Полицијата веднаш стигнала по пријавата за семејно насилство. Според пишувањата на тамошните медиуми, Даријан ги нападнал и полицајците, спречувајќи ги да си ја вршат работата.

Веднаш бил совладан и уапсен. На Даријан му е забранет секаков пристап и комуникација со неговата мајка.

Scroll to Top