Синот на пејачот на „Пукни зоро“ пронајден мртов

Марко Маринковиќ (24), синот на пејачот и автор на популарната „Пукни зоро“, Тома Маринковиќ, е пронајден мртов во Шпанија.

Младото момче е најдено мртво во недела наутро, кога по нејасни околности паднал од терасата во хотелот „Al Jusana“ каде што бил сместен со уште неколку студенти од Србија како дел од програмата „Еразмус“.

По завршените студии во Србија, Марко во Шпанија заминал на едукативно дообразување.

Несреќата се случила во 10 часот наутро. Според локалните медиуми, Марко останал сам во собата, а неговиот цимер заминал на појадок. Засега, не е познато дали станува збор за самоубиство или несреќен случај.

Scroll to Top