Мирсад Кериќ, музичарот кој го возел автомобилот во кој настрада фолк-пејачот Шабан Шаулиќ, е жив. Неговиот син Денис Кериќ на социјалните мрежи ја демантирал веста дека татко му починал во несреќата што се случи на автопат во Германија во која загина кралот на народната музика Шабан.
„Низ медиумите можевте да слушнете и прочитате дека мојот татко Мирсад Кериќ доживеа тешка сообраќајна несреќа и дека починал. Но мојот татко нè умре. Тој е приклучен на апарати. Ве молам сите молете се за мојот тато“, напишал Денис на „Фејсбук“.
Менаџерот на Шабан, Сабит Дервишевиќ, претходно изјавил дека од германската болница му јавиле дека неговиот татко подлегнал на повредите.
„Информацијата што ја добив од медицинските сестри не е точна. Штотуку добив информација дека состојбата со Мирсад е непроменета и дека тој се наоѓа во критична состојба. Се надеваме на најдоброто“, навел Дервишевиќ.