Синовите на Тања Савиќ го молат татко им за помош: Таа е најлоша мајка на светот, ние сме несреќни – објавени приватните пораки

По една година борба за старателство на децата, пејачката Тања Савиќ ја доби битката и ги врати децата од Австралија. Нејзините синови сега живеат со пејачката во Смедерево, а во редакцијата на „Пинк.рс“ наводно пристигнале пораки за кои се вели дека децата ги праќале на татко им Душан Јованчевиќ, кој е во Австралија.

„Им забрани на децата да ми се јавуваат. Новиот телефон им го купив на децата за да ми се јавуваат од Србија, а таа го исклучи и им забрани да ме бараат. Имам пораки од нив, децата се жалат на неа дека не им дава да ми се јавуваат. Тажни се и несреќни со неа“, пишува Душан.

„Не паметам кога последен пат се слушнавме. Не можам да дојдам до нив. Не знам каде да пријавам за помош. Дали некој ќе сака да ми помогне за овој случај? Не им дозволува на децата да ми се јават. Децата ме бараат, плачеа последниот пат кога се слушнавме. Им бранат да плачат, им велат дека ако плачат, ќе ја прекинат врската. Ги малтретираат децата, мора некој да ги пријави“, рекол сопругот на Савиќ за српските медиуми.

Тој раскажал и дека наводно децата се незадоволни со животот во Србија.

„Тато, помогни ми, таа сака да знае што зборувам. Многу сум лут“, му пишува синот на пејачката на татка си во една од објавените пораки пратени во редакцијата на „Пинк.рс“.

„Многу сум лут. Мама ме удри. Тато, не можам да живеам овде, не ми се допаѓа градот и досадно ми е. Сега ме казни и ми го зеде телефонот. Си го мрзам својот живот. Не можам да издржам, ќе скокнам од терасата, нема тоа да го направам, но така се чувствувам. Јадам со сила бидејќи многу сум тажен“, пишувал синот на Тања во пораките што ги пратил на Душан до редакцијата.

„Ја мрзам, таа е најлоша мајка на светот. Не можам да живеам без тебе, тато“, пишуваат децата на пејачката.

„Мама ни вели: „Остави го татко ти, будала е“. Тоа многу ме растажува.

„Ќе ве штитам како и секогаш. Мораш да ме браниш и не смееш да дозволиш некој да каже нешто лошо за мене“, му одговарил Душан на синот.

„Не можам да живеам без тебе, тато. Никогаш не плачев толку во животот. Многу сум тажен“, пишува во една од поракирте.

„Многу сум лут, многу се нервирам и не можем да се контролирам. Мака ми е од неа, ме снима. Сите околу мене се злобни, нонстоп плачам“, пишува синот на пејачката.

 

Scroll to Top