Скршеното срце го лекувам со музика

Стефан Живоиновиќ, постариот син на Лепа Брена, во интервју за „Ало“ открил дека би сакал да се заљуби. Тој рекол дека ова си го посакал и како новогодишна желба пред неколку месеци. Во интервјуто рекол дека никогаш ниедна девојка не му раскинала нему, но дека сепак страдал по прекината врска.

„Секогаш било некако обострано. Кога ќе сфатиме дека веќе не оди, разговараме и прекинуваме на најкултурен, најнормален начин. Потоа, како сите, скршеното срце го лекувам со музика“, открил Стефан.

Прашан што најпрво забележува кај девојките, тој рекол дека му е важно како некоја девојка се однесува и како разговара, а дури потоа каков е физичкиот изглед на девојката.

„Најголема доблест е да се однесува нормално. Тоа ми е основа. Дури потоа обрнувам внимание на изгледот. Немам специфичен тип, кога некоја девојка е убава, тогаш е убава“, рекол тој.

 

 

Scroll to Top