Слоба Радовановиќ ја остави свршеницата

By

Српскиот пејач Слоба Радановиќ ја прекина двегодишната врска со Јелена Ѓурижанин. Двојката се сврши пред повеќе од една година, но тие во полседно време многу се карале, па Слоба решил да ја остави, пишуваат српските медиуми.

„Слоба реши да стави крај на врската со Јелена, бидејќи веќе не може да ги поднесува нивните секојдневни расправии. Нема конкретна причина, никој не изневери никого, едноставно се заситија еден од друг и дојдоа во таква фаза што сè им пречи, па постојано нешто си префрлаат еден на друг. Можеби влијание на ова имаше и короната, постојано се затворени дома и нервозни. Помалку обврски, помалку работа, помалку пари и многу повеќе слободно време за размислување и расправии за глупоси“, рекол близок на пејачот за „Свет“.

Тој додал дека тие сакале да направат свадба уште лани, но дека ја одложиле поради пандемијата.

„Кој знае зошто е добро. Можеби ќе се смират понатаму, но сега се во фаза каде воопшто не се сакаат. Слоба порано често објавуваше слики со Јелена на социјалните мрежи, а сега дури ги избриша и заедничките што ги имаа“, додал изворот за „Свет“.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak anime freak one piece: Watch Don't Toy with Me, Miss Nagatoro Episode 5

WCOStream wcostream cartoons: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 8 (https://wcostream.cc/m/rqKD/ep-8)