Слобода Миќаловиќ е прогласена за најубава природна актерка во светот

Американскиот портал Beautiful Women Pedia ја прогласи српската актерка Слобода Миќаловиќ за најубава природна актерка во светот. На списокот со најубави природни актерки на порталот српските жени заземаа позиции и порано. Некои од познатите личности, кои беа на нивните списоци, се Наташа Беквалац, Билјана Типсаревиќ, Ана Кокиќ, Софија Милошевиќ и многу други.

Убавата Слобода привлекува големо внимание, па дури и Моника Белучи ѝ коментира на една од нејзините фотографии.

За жените од овие простори, Американците секогаш изјавувале дека „добиле генетски џекпот“, како и дека мажите во нив „лесно може да се заљубат и неколкупати на ден“. Понатаму е наведено дека „зборот здодевна не постои во нивниот речник, тие се мистериозни, имаат полни усни и се многу згодни, без оглед на возраста“.

 

Scroll to Top