Бројни интересни, за пошироката јавност непознати факти се поврзани за филмот од југословенската кинематографија „Кој тоа таму пее“, а една од нив е поврзана за самиот крај на ова легенрадно остварување.
Во последната сцена требало да се појават голем број на животни, и нивното бегство од зоолошката градина да претставува еден вид на апокалипса. Пречка за снимањето на ваквиот крај била, смртта на Јосип Броз Тито.
Требало животните да бидат стигнат од италијанскиот циркус, но, поради смртта на Тито, сите граници биле затворени.
Мора да се признае дека замислениот крај не можел да биде снимен на посакувнаиот начин од поприлично бизарна причина, барем од денешна перспектива.