Снежана Ѓуришиќ била шампион во џудо на Југославија пред да стане пејачка

Малкумина знаат дека пејачката Снежана Ѓуришиќ во младоста била шампион во џудо. Таа неодамна откри дека нејзините родители уште од деца ги поттикнувале неа и сестра ѝ да се занимаваат со спорт. А Снежана пред да почне да тренира џудо, играла кошарка и одела на пливање.

„Татко ми секогаш нè мотивираше да спортуваме. Сестра ми реши да биде игроорка, а и јас одев на фолклор додека живеевме во Кралево. Но, штом се преселивме во Белград, почнав да спортувам. Најмногу му се посветив на џудото. Бев шампион на Белград во мојата категорија, па првак на Србија и на крај шампион на Југославија“, рекла пејачката.

Таа вели дека спортскиот начин на живеење ѝ годи и сега, па иако не спортува активно, сака да пешачи. Се буди рано наутро за да го искористи денот.

„Не сум од оние што стануваат на пладне, а почнуваат да функционираат од 3 попладне. Вака е многу поубаво“, додала таа.

 

 

Scroll to Top